Насилно рушење

by Yugolancer


Posted on Monday, July 23, 2018



Кога размислуваме за рушење на власта: тоа рушење не мора воопшто да биде насилно, како што размислува најголемиот дел од луѓето.

Насилно рушење на власта е најлесно за оној кој не знае ништо за политиката.

Всушност, вистинскиот мајстор би ја срушил власта така што и самиот би бил популист.

Сега во опозиција да има уште еден Заев, тогаш Зоран Заев би бил навистина загрозен.

На лага би одел со друга лага. Би лажел, би измислувал, би фолирал и би почнал со средствата на системот да го слабее и самиот систем.

Се разбира, системот не може да се сруши до крај, бидејки има полиција и суд како инструмент на сила, ама може да се компромитира.

Сеедно кај нас скоро па сите сакаат сила. Нормално тие нема вистински да применат сила, ама убаво звучи. Ајде на улица, да ја срушиме владата!

И што? Како и обично ќе излезат 200 "патриоти". Па ќе кажат: ние НЕ сме партиски! Ама после сепак ќе разговараат со партиите и се така во круг.

Ние имаме очаен човечки материјал во политиката и тоа е тоа. Нема познавачи, нема ништо.


Copyright © ASPNETer 2006 - 2016