Модерно суеверие

by Yugolancer


Posted on Sunday, September 2, 2018



Квантумот на суеверието во Македонија не само што не опаднал, туку е пораснат.

Ние како народ одамна сме прозападни. Се утепуваме од делење европски вредности и навивање со цело срце да влеземе во тој Дизниленд.

Ние сме народ кој се школува скоро 100 години во континуитет.
Притоа школото оперира со знаење кое е сосема спротивно на суеверието.
Значи по секоја логика, сега би требало да нема веќе чукање во дрво, заплукување, црвено конче, долна облека превртена наопаку итн.

А всушност состојбата е сосема спротивна и квантумот на суеверието секојдневно расте.

Тоа е затоа што во позадина на сето ова горе поменато се одвива процес на деградација и примитивизација. Стануваме попрости. Под сето она што сјае и цакли, телефоните, брендирани крпчиња итн. ние стануваме многу примитивни. Се разградуваме.

Никогаш повеќе видовити будали, бајачки, пророци, идеи за завери, и нормално нашата спремност да го впиваме сето тоа, да ја впиваме лагата.

Затоа редовно ќе среќавате жени кои себеси се сметаат за модерни, а редовно одат кај видовита Мира да им каже со кого ќе се омажат.

Будалаштини од епски размери!


Copyright © ASPNETer 2006 - 2016