Северно од Грција

by Yugolancer


Posted on Tuesday, September 11, 2018



Без сомнеж, референдумот за името ќе се одржи само за да се створи илузија дека имаме некаков избор.

Во секој случај, загубата е очигледна и тука не треба некој посебен коментар.

Повторувам по 998-ми пат, со самата идеја дека воопшто преговараме и еве сега гласаме за името, ние само потврдуваме дека сме "многу сериозна" држава.

Што е уште полошо, мислам дека промената на името е само фаза, а не конечна цел на нашите пријатели од запад.

Сеедно, време е, ако смееме, да им погледнеме на фактите во очи и да се помириме со тоа дека шансите да го задржиме името, тежнеат кон нула.

Со бојкоти, петиции и повикувања на закони и устав, тоа нема да биде сочувано, а силата со која располагаме и одлучноста да ја употребиме, не ни гарантира ни дека новото име ќе потрае.

Викајте ме предавник, ама јас не гледам ниту еден адут со кој би го сочувале името.

Секако, на "Леле, името" и "Македонија вечна" уште некое време ќе се берат политички поени, каде овие што го бранат името се докажуваат дека се поголеми патриоти од овие што го менуваат. Тука е во прашање само патриотско позиционирање и ништо друго. За пушка никој нема да се фати, дури и ако поединци ви личат дека ноќеска ќе тргнат да го бранат светото име.

Мислам дека е крајно време овие замајувачи на народот да замолчат веќе еднаш, за да разбере овој намачен народ дека ни сам на себе не може да смета.

Името го изгубивме, пред се, затоа што и ние самите сме изгубени, а политика не учат дилетанти.

Кој ги погледне патриотските портали и групи на социјалните мрежи, лесно ќе види неопеани будали. Кој ќе ја погледне екипата околу власта, несомнено ќе види многу рационално ориентирани типови. Помеѓу овие две групи нема скоро па ништо, освен неколку илјади сеуште неоштетени Македонци, без никакво влијание.

Неможноста да се мисли рационално, да се поставуваат прашања, камоли да се даваат одговори, како и страв од вистината, буквално ги убиваат во појам македонците.

Индустријата на збунување и шарлатанизација е во зенит, а во тоа учествуваат и нашите срамни интелектуалци кои, додека се менува името на државата, го бркаат Тито и ја спасуваат демократијата.

Ние, несреќни, со нашите уште понесреќни лидери и поправачи на светот, не знаеме ни против што треба да се бориме.
Името на нашата болест е: граѓанштина. Граѓански дух.
И сега ние сакаме да ја спасиме демократијата која е мајка на истиот тој граѓански дух!?

Да го убиеме Тито уште неколку пати, па да ни тргне!?

Како не разбирате дека ние пиеме отров, наместо лек?

Овде не зборувам за маса, за медиокритетите, кои не можат и не сакаат, и во крајна линија, не разбираат ништо.
Тоа се оние говеда кои кога ќе ги прашаш, зошто гледаат телевизија, одговараат дека немаат што друго да прават.
На таквите им треба телевизија да ги разоноди и од нив нема ништо, а од нивното потомство уште помалце.
Тие се вонполитички фактор и се родени да бидат објект за субјектот.

Значи не се работи за оние распаднати патриоти кои се дерат, Македонија вечна.
Тоа се луѓе кои немаат ни трунка смисол за факти и кои, покрај сите патриотски изливи на пароли, како и секогаш пак ќе изгинат.
Мене ми е многу смешно што ако секое извикување на вакви пароли се наплаќаше по 1 евро, сите ќе ќутеа. Такви Македонци се тоа.

Просто: маса која нема појма каде е водена, она само има расположение према тоа, а и тоа може да се штелува без никаков проблем.
Во традиционално друштво, бета и гама примероците биле водени од алфа примероци и тоа внатре самото семејство или задруга.
Денска бета и гама примероците се темел на секоја демократија и без нив изборниот процес не може ни да се замисли.

Да се одлучува без знаење и разбирање е сон на секој бирач и голема радост за секој властодржец.
Овде дури и не мислам на самото образование, туку на способноста за расудување, која не е достапна за поголемиот дел од популацијата, која прва се фаќа за пенкалце на бирачкото место.
Е ова крдо е совршено послушно и мирно, и покрај тоа што на зборови е многу радикално. Бидете сигурни дека од ова крдо, чопор никогаш нема да се направи, ако ме разбирате што сакам да кажам.

Еве сега, кога ќе отиде името, ќе се оголи целиот лажен патриотизам на нашите големо-македонци, кои ќе се дерат како улави, а ни од соба нема да излезат.
Тие се најголема пречка са секое рационално размислување во јавен простор, бидејки нив не ги води желба да се дознае, да се свати, да се превземе акција која е примерена на ситуацијата, туку само бараат умирување за своите психички тегоби, и уште тоа го нарекуваат патриотизам.

Благодарение на оваа маса, Заев може мирно да финишира со менување на името.

Према тоа, да не се лажеме повеќе. Името полека се менува и поради тоа никој нема да исече вени.
Сите ќе се правиме дека ни е многу тешко, како и кога се потпиша Охридскиот договор, ама подалеку од мрмљање и гунѓање, нема да одиме.

Сеуште се правиме дека можеби, Господ бог, судбината или Путин, ќе ни го сочуваат името, ама јас, ете, безбожник и циник, се некако мислам дека никој нема да го сочува.
Заев ќе биде официјален предавник, а ние, кои сме се потпишале на сите петиции и од газ (седејки) сме го бранеле името, нема да бидеме. Тој издаде, ние браневме.
Срам да му е! Како може да го смени името после толку петиции, бојкоти, апели, резолуции...?

На крајот, кога ќе се слегне целата работа, ќе остане едноставна вистина:

Како го браневме името, добро што не го сменија и порано.


Copyright © ASPNETer 2006 - 2016