Стремеж

by Yugolancer


Posted on Saturday, October 20, 2018



Ги гледам овие нови викинзи и нема друго освен да им се восхитувам.

Им се восхитувам како се стремат да го освојат светот, космосот... сакаат се, и се стремат кон тоа.

А што е нашето стремење?

Кон што се стремиме ние? Дали некогаш сме развиле било какво стремење?

Јас сум на мислење дека ние сме еден пред-народ кој е настанат како една чудна игра и заебанција на историјата.

Некако сме убуткани во ова што сме денес и поради близината на западот сме добиле некакви политички облици од западот, идеологии и триста други чуда.
Сами немаме развиено ништо и да не е тој запад, уште ќе оравме и ќе копавме.

Еве и денес ништо не се сменило бидејки сме принудени на таа псеудо-морфоза поради плиткиот ум на нашите интелектуалци и политичари.

Натерани сме на една вештачка историја која ја живееме и која ги има истиснато нашите стремежи.
Не буткаат во туѓа историја, европска и натовска! Историја која ние не ја разбираме. Ја живееме, ама не ја чувствуваме.

Сите знаеме дека сево ова е лажно и вештачко. Ние никогаш нема да направиме од нас западњаци, и несреќата не е во тоа што не можеме да направиме западњаци од нас, туку што не можеме и да не направиме.
Ние не можеме ни да го убиеме западњакот во нас.

И тогаш талкаме некаде помеѓу, симулирајки туѓи облици кои не ги разбираме.

Бидејки сега е доцна за враќање пола век наназад, ние треба да изградиме една идеологија која во центар нема да има човечки права и разни глупости.

Идеологија која ќе нема политички облик, туку опстанок на нацијата.

Опстанок како идеологија!

Најверојатно ова е последна шанса за такво нешто.

Дали може да се изведе тоа јас не знам, ама ако не се направи сега, се плашам после ќе биде касно.


Copyright © ASPNETer 2006 - 2016