За оние кои се еманципираат против окупација

by Yugolancer


Posted on Thursday, October 25, 2018



Не знам што се случи со нас, со македонскиот народ, па не гледаме најочигледни работи и имаме оправдување за секоја работа која окупаторот ја има направено во оваа држава.

Се обвинуваме меѓу себе и за се сме криви ние.
Како е можно сеуште да имаме симпатии за окупаторот?
Од каде тоа кај нас?

Зошто го дозволуваме ова што се случува?

Никој ли не гледа дека секогаш играме со црни фигури, и дека секој наш потег е изнуден?

Ајде да ги земеме за пример весниците:
Многумина се фалат (Ајхан дури тврди дека има филтер) дека читаат меѓу редови. Демек имуни се на перење мозок, а не сфаќаат дека сите теми во кои наводно вешто се снаоѓаат, им се ВЕШТО наметнати.

Не гледаат дека немаат никаква иницијатива и дека се издресирани исклучиво за втор чекор, односно за реакција на нешто.

Сите тие се пасивни конзументи на она што редовно им се сервира.

Не ги бираат тие темите со кои ќе се бават, туку се бават со теми кои им се наметнати.

Се чини дека службите одлично ги шарлатанизирале Македонците и од нас направиле Чеси:
Која вера и да е, окупаторот мил ни е!

Се разбира за лесен влез во колонијализмот, беше неопходно да се превземат одредени чекори, односно да се "омекне" нацијата.

На прво место, социјалистичкиот модел на производство беше претставен како неефикасен и застарен, модел кој е екстензивен и во кој продуктивноста е ниска. Се пуштаа приказни за некаков замислен приватник, кој ефикасно го води своето претпријатие, за разлика од директорите на државните фирми.

Западните држави беа претставувани како економски сили, кои до богатството дошле со ефикасна работа, а не со пљачка, која всушност се случила. Општеството на социјален хедонизам почна да се преобразува во потрошувачко, во кое очите растеа побрзо од куповната моќ. Социјализмот, меѓутоа, ниту кај нас, ниту во Русија, на пример, не пропадна во економска свера, туку во политичка, највеќе благодарение на оние кои примаа плати и имаа огромни привилегии за да го сочуваат истиот тој систем.

Доказот е едноставен:
Денес, после повеќе од 2 децении на капиталистички рај, имаме само една дваестина индустриско производство од она кое го имавме во осумдесетите години, а тоа производство кое сега го имаме воглавно не е ни наше, односно профитот го влечат други.

СССР во 1979-та имал два пати помал БДП од БДП-то на Америка. Денеска после сите "победи" на Путин, Русија има шеснаесет пати помал БДП од таа наводно Америка во распад.

Исто така, мораше да се изврши ревизија на историјата и тоа не да се утврди некаква вистина, уште помалку да се дојде до нови факти, туку отпорот кон окупаторот да се претстави како штетна политика, а колаборацијата како корисна и мудра.

Уште првата ревизија беше "збогум на фактите".

Мечта на ревизионистите и на нивните следбеници несметано полета во височини каде ниту еден кретен претходно нема отидено.

Слободата и борбата за слобода станаа безначајни во однос на спасување на животот. Подобро роб, отколку гроб, беше триумф на македонскиот национализам. Против окупаторот треба да се бориме само кога е безопасно.

Односно, никогаш.

Лагите за СФРЈ, за состојбите во општеството, слободите и забраните, завземаат високо место во десничарскиот матрикс.

- Не смееше, беше забрането, се апсеше...

Најверојатно и имало забрани и апсења, ама ниту 10% од она што е измислено.

Оно што e интересно, а за сериозен посматрач и многу поучно, е дека медиумите на широко ги примаа ваквите лупетања како сериозни работи.

На крај, како основна претпоставка за сите овие срања, па и како базична претпоставка да се влета во големата лага, беше огромната дехуманизација и криминализација на комунистите, кои беа представувани како чудовишта, и на кои беше дозволен секаков вид на лов.

Сето ова беше пропратено со редовна опаска на десничарите дека комунистите не се Македонци.

Во секоја војна, специјална или обична, дехуманизацијата и криминализацијата на непријателот е основна претпоставка.

Ова само ја зајакнува мојата основна поставка, а тое е дека, денешницата е последица на проектно планирање.

Нацијата беше ослабена со лаги, уништување на отпорната сила на народот преку величање на колаборационизмот и материјализмот, како и преку приказни за тоа дека Западот едвај чека да не прими во големото семејство на предаторски нации, а наше е само да го отфрлиме социјализмот, својата историја, својата традиција, своите обичаи и да го свртиме газот накај зајдисонце.

Големо прашање е што уште ќе ни донесе ова проектно планирање во областа на забудалување на овој веќе збудален народ.

Останува да видиме...


Copyright © ASPNETer 2006 - 2016