СДСМ краш сага

by Yugolancer


Posted on Wednesday, March 27, 2019



Утрово читам дека Заев прифаќа предвремени избори, ако Пендаровски изгуби. Демек со тоа ќе биде јасно, дека довербата за нивната политика кај народот е сомнителна.

Сите знаеме дека Заев не е многу бистар, ама можело некој од советниците да му шепне да не тресе вакви глупости, бидејки тие многу, многу одамна немале доверба во народот. Барем не во мнозинството.

Ама друго ми е зборот.

Според мене, после прогласувањето на Гваидо за претседател на Венецуела, дури и вакви симулирани демократски процеси ќе се оголат до ниво на карикатура и најверојатно нема да има потреба од таква манипулација.

Едноставно, некој ќе излезе на улица и ќе викне: “Јас сум претседател”, а Америка со своите сојузници ќе одлучи дали истиот е за претседател, или за душевна болница.

Избори нема веќе да бидат потребни, ниту како представа за народот. Големите сили ќе признаат некого за нешто и тоа е тоа.

Ние и онака веќе подолго време имаме на дело обид со политичка воља, исто како што се играат со малцинските права и геј идеологијата, една група преку ноќ да се наметне на целото општество, без избори и со сила, под изговор дека во таа група има многу угледни граѓани.

Не знам за вас, ама јас немам дилема дека СДСМ никогаш немаше да дојде на власт без подршка од западните амабасади, ама факт е дека ВМРО стана терет дури и за нашите господари, па мораа да најдат замена.

СДСМ-овците, ма што и да зборувале или паметувале, во суштина секогаш имаат еден прикриен но сосема јасен став, дека наспроти принципот "еден човек-еден глас", тие треба да одлучуваат кој и како треба да владее, односно дека нивното мислење е над мислењето на неписмената маса.

Всушност се еднакво неписмени, само што се малце попривилегирани како слој.

За да бидеме на јасно, еве ви еден линк за да видите на кое место во светот се нивните научни работници на кои стално се повикуваат.

Ова е т.н. Хиршов индекс кој покажува број на научни цитати, односно број на светски признати трудови. Така може да се види колку една држава е научно развиена.

За голема жал, котираме многу ниско на оваа листа, а пред нашите се научниците од Конго, Судан па дури и Руанда.

https://ideas.repec.org/top/top.country.hindex.html

Драги СДСМ-овци, бидејки ни самиот не сум голем љубител на демократијата, не би сакал да ве прозивам по таа линија, ама тогаш кажете го тоа, немојте да се криете зад неа.

Проблемот на СДСМ-овците е едноставен: немаат човечка маса, немаат месо да добијат на избори и тешко дека било кога ќе имаат.

Најдалеку што можат да дојдат е 1/3 од бирачите и тоа е непремостив проблем. Значи ниту во најпоштени изборни услови тие немаат шанса, бидејки немаат бирачи за таа приказна.

Затоа стално се обновува потрошената приказна за авангардата, професорите и уметниците воопшто, кои треба да го водат општеството, па ако треба и мимо демократските правила на игра. Наводно тие се елита. Додуше самопрозвана, ама тие и понатаму мислат дека нивниот глас вреди 5-6 гласа од нпр. продавачки на пазар.

И така, заробени помеѓу неможноста да освојат власт на сила, бидејки уметниците не трпат пендрек, и другата неможност, да освојат власт на избори, им останува само да пеглаат приказни дека тие се елита.

И немојте да имате заблуда. Запад ќе го шкартира Заев само во два случаја: доколку не ги исполнува барањата радикално и доколку неговата популарност драстично падне, бидејки тоа ја загрозува стабилократијата.

А во услови на приближна сила на две полтички опции, Запад секогаш ќе даде предност на оној кој макар на кварно ветува нова надеж и нов почеток.

Вистински мотив за промени е само промена на банка т.е. кој ќе ја држи касата и ништо повеќе. Политиката, ионака ќе ни ја водат странци. Нивен интерес е, нивната политика да ја спроведуваат оние со најмал внатрешен отпор и тоа е тоа. Сето останато е декорација.


Copyright © ASPNETer 2006 - 2016