Иљачи

by Yugolancer


Posted on Wednesday, May 29, 2019



Секоја година добиваме нови податоци од фондот за здравство дека потрошувачката на седативи е зголемена за 30 и повеќе проценти во однос на претходната година. Со други зборови, добиваме соопштенија дека македонците се зависници од дијазепам, хелекс и лексилиум.

Луѓето се едноставно "откачени" и се обидуваат да го намалат стресот и нервозата со овие седативи.

Сето ова е последица на живеење во еден целосно болен свет и воопшто не е чудно што посегнуваат по лекови или алкохол.

Го прават тоа за да можат да "живеат" во оваа несреќна држава. Направен е голем притисок врз поединецот, а уште поголем врз семејството.

Има некои 20 години, може и подолго, како разни невладини организации се борат за положба на жената, на детето и така го уредуваат македонското семејство.

Никој не смее да вика, никој не смее да тепа, никој ова, никој она. Со други зборови ни пропишуваат што смее, а што не. И види чудо, што повеќе тие пропишуваат, се повеќе луѓе се на седативи.

Тоа животот дава отпор. Очигледно е дека не сака вакви човечки права. Животот напросто се опира.

Животот сака едно нормално семејство. Се разбира, не секое семејство е среќно, ама така е од памтивек. Обидот да се пронајде подобар живот за децата мимо родителите е една најобична глупост.

И сега овие “избраните”, те убедуваат дека стандардот расте, БДП-то расте итн. Па од каде сега овие што пијат седативи? Од каде тоа во овој Дизниленд?

Најтажно е што секоја година ќе станува уште полошо. Ова не може да се сопре.На оваа основа, ова нема да се сопре и ќе биде се полудо и се поболно. Држете ме за збор.


Copyright © ASPNETer 2006 - 2016