Мир по дома

by Yugolancer


Posted on Thursday, January 12, 2017



После многу бучни дискусии со Бетче, и сведување на историјата на една или две димензии кое веќе нема ни цел, ниту смисол, ќе се обидам да направам ако ништо друго една поднослива атмосфера по дома.

Се повеќе увидувам дека не само кај нас, туку денеска во цела Европа не постои народ кој во етногенетска смисла е монолитен.

Ајде да се обидеме да размислиме малце.

Сите ние имаме 2 родитела, по 4 баби и дедовци, 8 пра-претци, 16 чукун... и така со геометриска прогресија да се вратиме да речеме до Цар Самоил ќе имаме околу 30 поколенија зад себе, што е 2 на 30-та.

Е тој број 2 на 30-та би значел дека секој Европеец дури и многу Азијати, ни се роднини. Никој не ги држел панталоните закопчани пред нашата етногенеза.

Ако инсистираме на чиста крвна линија тогаш ќе биде применета обратна прогресија и во тој случај ќе добиеме дека во среден век не имало 5 до 10 а тоа значи дека самата раса ќе се дегенерира поради мал број на гени.

Ова е математика и се надевам дека приговор на математика немаат дури ни најстрасните.

Дури мислам дека расно одредување на нација е неможно. Може, ако баш ни треба за некој политички проект или за самозадоволување, ама будалаштина останува будалаштина.

Македонци постојат, ама Македонска раса нé. Има Шарпланинец или Доберман ама не оди тоа така кај луѓето па самото сведување на етногенеза е помалку вулгарно поедноставување и на прашањето, а и на одговорот.

Самата етногенеза е нешто, што во обликување на нацијата влегува со 20% па дури и помалку. Препорачувам консултирање литература за повеќе информации околу ова.

Нацијата е уствари културна творевина, со други зборови последица на културолошко обликување а не последица на крвни зрнца.

Според многумина нациите се раѓаат со раѓање на митови па според тоа оние што немаат национален мит, немаат ни нација во тој смисол. За ова постои поприлично согласување во социолошката литература а јас сум склон да застанам зад оваа логика бидејки е очигледна.

Еве како Паско Кузман го обајснува ова и најверојатно тој е човекот што имаше задача да направи национален мит ама очигледно не успеа.


Copyright © ASPNETer 2006 - 2016