Кај нас (Четврт Дел)

by Yugolancer


Posted on Sunday, January 29, 2017



Ах Ацо...

Да, да. Денеска пак ме праша:

- Кај нас како ќе биде?

Прво, кај нас ништо нема да биде, ниту нешто ќе се смени ако дојде до рокада во власта.

Останува фактот дека ние сме окупирани (а Русите опкружени) и не гледам дека тоа скоро ќе се смени.

Тоа, за паметен човек е почеток и крај на политичката приказна/ситуација кај нас. Останатите настани и приказни, точни или неточни, веќе и не спаѓаат во политика, туку во етика, психологија, литература итн.

Како и да ја оценуваме оваа околност, ние немаме ни малку смисол за практична политика, така да таа вредност останува во посед на Западот и затоа не јаваат еве веќе четврт век.

Ние, од една страна со нашите правдини и вистини како оружје а тие со флоти, ескадрили и агресивна дипломатија од другата страна. Ете затоа нивната вистина и правда се обврзни за нас.

На еден западњак, никогаш не му паднало на памет да ја жртвува функционалноста наспрам моралот, за разлика од нас Словените кои секогаш имаме морал и вистини како некаков декор за случувањата. Како некаков вид сценографија.

Наместо да го стреламе секој кој застапува туѓи интереси, ние пишуваме студии за Американското зло. Тоа е за нас Политика. Да се покаже на народот кој е лошиот.

Јадно, па појадно не може да биде.

Кога гори куќа ние не гасиме, туку расправаме кој го предизвикал пожарот.

Сеедно, да му одговорам на Ацо бидејки тој најверојатно алудираше на преговорите кои наводно се водат помеѓу ДПМНЕ и ДУИ за новата влада.

Прво тука нема никакви преговори, туку тоа Западот си разговара сам со себе.

Види, кај нас поделбата на власт е отприлика таква што, на власт секогаш седат практични и послушни политичари кои не мешаат баби и жаби, и воопшто немаат претстава за политика како јавна дејност, туку повеќе ја гледаат како приватен плен.

Во опозиција пак седат исти такви карактери кои пукаат од мука затоа што они не се на власт и не можат да ги полнат џебовите.

А од дистанца, целиот тој политички циркус го посматраат геополитичарите, кои морализираат и веќе со самото тоа докажуваат дека со политика ни далечна врска немаат. Чест на исклучокот Мирка Велиновска која, колку толку, држи глава над водата.

Лично едвај чекам да заврши претставата и конечно да прославиме сите заедно и да се одмориме од овие тешки преговори (иронија).


Copyright © ASPNETer 2006 - 2016