Кај нас (Седми дел)

by Yugolancer


Posted on Wednesday, February 15, 2017



Кога сме веќе кај демократијата, се сетив дека мојот веќе добро познат Ацо во една пригода ме уверуваше дека тоа е најдобар систем и затоа претходниот ја “изгубил” борбата.

Како што реков во претходниот текст и покрај тоа што појмовите на демократија се испразнети од секаква содржина, дури и некои силни духови во скоро време нема да можат да се воздржат од потребата да се поправа демократијата како најдобар и најсовршен систем.

Се разбира, идејата за демократијата како најсовршен систем не произлегла од увид во стварноста, туку од школскиот систем, низ кој сме поминале и кој во основа е прогресивистички и ни влева идеи дека историското движење е секогаш движење на подобро (другар ми Арменд не пропушта прилика да го истакне ова), иако не постои никаков доказ дека денешниот човек освен во владеење со технологијата, по било кој друг критериум е подобар на пример од ренесансниот човек.

Мислам дека сосема го имаме измешано технолошкиот прогрес со хуманистичкиот, па така си претпоставуваме дека напредокот на технологијата го има повлечено со себе и политичкиот систем.

Нормално за тоа нема никакви докази, ама за заблуди доказите и не се од некаков значај.

Демократијата особено ја сакаат широките народни маси и сето тоа поради илузијата дека они нешто се прашуваат.

Значи се работи за слој на луѓе кои ниту домашните не ги фермаат, ама државата, ете еднаш во 4 години ќе реши да ги праша што мислат за нешто што воопшто не го разбираат.

На таков човек да му се постави прашање, кој треба да владее со Македонија е исто како да сте го прашале што мисли за Хајзенберговата теорија за неодреденост на системот. Подеднакво ги разбира и двете.


(ħ e Дираковата константа, h / 2π)
Хајзенбергово начело на неопределеност

Ама дури ни тоа не е нашиот главен проблем. Можеби ниту еден од поглавните.

Македонија, каква што јас ја гледам има ДВА сериозни проблеми, или проблеми кои треба да се решат што е можно побрзо. Другите проблеми можат да почекаат, а и не е добро сите проблеми да се решаваат одеднаш. Обично ако се обидеш да решиш одеднаш се, нема да средиш ништо.

Првиот проблем а воедно и “проблем на сите проблеми” е ОКУПАЦИЈАТА. Со неа на Македонија и е одземена секаква можност да води каква-таква, макар економска и социјална политика.

Вториот проблем е најверојатно директна последица на првиот а тоа е дека окупацијата секогаш и секаде е вмрежена со најлошиот можен човечки материјал. На окупаторот не му треба кремот на окупираната нација, туку нејзиниот шљам и затоа го инсталира тој шљам.

Бидејки на шљамот нормално му треба пари, односно парите му се во центарот на политичкиот ангажман, целата операција ОКУПАЦИЈА сега се вмрежува со операција наречена ПЉАЧКА.

Значи, фокусот на секоја дури и минимално сериозна Македонска политика, мора да биде како да се олабави окупацијата.

Нормално сите сегашни кобајаги патриоти и демек разумни политичари, потполно го скокаат ова и веднаш поминуваат на технички прашања од типот, како да ни бидат уредени семејствата, како да ги уредиме заедничките делови во станбените згради, колку метри смееме да се одалечиме од попот или оџата и слични глупости.

Дури во поново време имаме еден куп неуки и примитивни фигури од политичкиот живот кои заговараат Руска окупација на местото од Американската. Очигледно на никој не му пречи окупацијата ама пожелно е окупаторот да биде некој НАШ.

Не разбираат дека окупација си е окупација ма кој и да е окупаторот, ама незнаењето на нашите т.н. аналитичари, новинари итн. има епски размери, па затоа кога еден ден западот ќе одлучи да со смени Груевски со некој нов шљам, има да се проведеме како боси по трње.

Да немате излузии дека следниот што ќе го инсталирааат ќе биде подобар. Напротив како што веќе кажав во претходниот дел, ќе биде уште поцрн од својот претходник.

Да се вратам на решавањето на проблемите, и на тоа дали може да се олабави окупацијата.

Лично сметам дека може.

Најпрвин треба јасно и недвосмислено да се каже дека самата окупација постои. Значи ако не го викаме окупаторот пријател, тоа може да биде лековито за нацијата.

Исто така, окупаторот ма колку силен и моќен не допира баш до секое ќоше во нашиот друштвен живот.

Тука ние треба да внимаваме со кого си имаме работа зошто на окупаторот му е сеедно дали некој наш лопов ќе украде 20 милиони или со тие пари ќе се изгради нова болница.

Тоа што овој ќе ги украде парите наместо да ги вложи во државата, тој не го смета за свој, туку за наш проблем.

Другиот дел е малце потежок, бидејки еве и утре да си отиде окупаторот ние пак ќе се разбудиме со истиот ОЛОШ кој сака да владее а реално не знае ни една трафика да води. Големо прашање е како би ја воделе државата ако наместо нив не ја водеа странците.

Ама сеедно, олошот сака да владее. И не само што сака да владее, туку и успева по секоја цена да ти истурка сите што нешто знаат и умеат. Па вие денеска ни со пушка не можете да натерате паметен, поштен и честит човек да влезе во политика.

Ако има некој професионално остварен и богат во политиката, точно знаете дека нешто му треба и затоа е тука. Зошто инаку некој што има се што му треба, би му аплаудирал и би му се восхитувал на полуинтелигентен будала од партијата?

Секогаш се работи само за корист и тоа во прав смисол на зборот и затоа партиите станаа само хиенски огранизации кои врска немаат со идеологија или макар некаков закржлавен вид на патриотизам.

Дури и да успееме да ги избркаме странците, кој ќе ги избрка колаборантите во нас? Каква победа е тоа, ако ние за 2 години пак самите ги викаме цивилизаторите да ни ги решаваат проблемите?

Јас би рекол дека нам духот ни е окупиран па дури тогаш државата, ама ние тоа слабо го приметуваме.

Па ние среде наша земја по своја воља слушаме туѓа музика, носиме облека од окупаторот, зборуваме со неговиот јазик и секој ден се трпаме со Хамбургери.

Тоа е можеби и најтешкиот проблем со кој ќе мора да се носиме, тој поглед на светот од жабја перспектива, во кој ние имаме споредна улога во сопствена држава.

Значи ако некогаш се појави нова политичка сила на нашата политичка сцена, ќе ја препознаете по тоа што ќе има нулта толеранција за колаборација и окупација и несомнено нема да бидат обожаватели на Трамп, Клинтон, Путин, Меркел или било кој друг кој евентуално ќе се појави во меѓувреме.


Copyright © ASPNETer 2006 - 2016