На кратко

by Yugolancer


Posted on Friday, May 5, 2017



Седам така и размислувам за луѓето кои ги среќавам после оној "инцидент" во парламентот.

Едните кои во Груевски гледаат бог, ги голтаат сите негови приказни, а не пијат исти такви приказни кои ги раскажува Заев. Според секоја логика, тоа значи дека во првиот случај се раководени од вера, а во другиот случај од фактите.

Мене лично, ничија вера не ми пречи. Секој што сака, може да ми пријави дека верува во Груевски, Заев, Хорхе или Дедо Мраз и јас нема ништо да замерам.

Ќе замерам ако својата вера ја наметнува како политичко мислење, бидејки со тоа ги малтретира другите како Јеховин сведок, кој оди од врата до врата и ги тера сите да ја прифатат неговата заблуда како вистина.

Таа заблуда додатно се зголемува кога конкретен акт, како што е изборот на бившиот министер за одбрана ќе се избере за претседател на собрание, па тогаш во тоа се пронаоѓа разнебитување на држава. А пред тоа?

Најчудното е што тоа го гледаат само оние што се разбираат во политика, иако према неа имаат вернички и следбенички однос.

Исто така приметувам дека уште се верува во спонтани демонстрации, фер избори и дека за стручни и поштени поединци сеуште има место во политиката, односно дека олошот ќе ги пушти во својот круг на моќта.

Сакам да кажам, многу помалце страдаме од "непријателот", отколку од нашата памет.


Copyright © ASPNETer 2006 - 2016