Македонски интелектуалци

by Yugolancer


Posted on Monday, June 12, 2017



Не така одамна еден мој пријател ме убедуваше како нашето според него, пропаднато граѓанство може да се поправи со подигање на свеста. И така во догледно време, Скопското граѓанство ќе станело како Љубљанското т.е. Словенското.

Длабока е вербата на Македонците дека со правилна работа и со стално лупање на "интелектуалците", ќе се подигне свеста на народот. Пред се, свеста е сосем ограничена со самата врста т.е. самиот вид, така да барањата за нејзино подигање се еднакви на барањата да се поткрене интелигенција на народот, или луѓето да престанат да се себични, да ги стават заедничките интереси пред личните итн.

Ништо од таа работа, иако мора да се признае убаво звучи.

Ова идеја всушност е сосема демократска бидејки подразбира дека сите (помалку или повеќе) сме способни за се и дека скоро па сите имаме исти потенцијали.

Тоа ти е како да дојдеш кај некој ментално заостанат, му одржуваш едно патриотско предавање и него нивото на свеста му се крене 20%.

Не оди тоа така.

Свеста дури и може да се измени, ама не и да се подигне. Вие можете на накој да му го тупите со години а свеста нема да му ја поткренете ни за една јота. А дајте му 50.000 ЕВРА и ќе гледате пред ваши очи како се менува.

Идејата за поткревање на свеста повеќе зборува за тоа колку се паметни и реални Македонските поткревачи на свеста, отколку за самата идеја.

Како што често повторувам, граѓанското друштво уште од Атина пред 2500 години па наваму, произведува опаѓачко чувство за животот па дури и политиката. Животот во принцип се гаси со опаѓање на наталитет, а политиката така што станува сечија сопственост.

Доволно е десеторица да ставиш да се грижат за нешто и шансите се веднаш нула бидејки обавезно барем двајца од нив се идиоти, а тројца влечковци.

А не така одамна, само еден век наназад, во селските куќи само еден човек ги носел сите одлуки. Старешина на задругата, кој обично бил биран како најспособен или бил поставуван од родителите. И секогаш кога во селото нешто се одлучувало, само овие старешини одлучувале. На никого не му паѓало на памет да ја поткрева свеста на сите деца во куќата и сите да одлучуваат во склад со демократските норми и принципи.

Секој човек, морал најпрвин во куќата и во потесната заедница да ја покаже својата успешност, знаење и умеење, а дури потоа да се бутка во јавните работи.

За жал ова денешно време со своите демократски расположенија, им овозможува бавење со јавни работи и на оние кои се омразени и неуспешни во селото, во месната заедница или во семејството.

Гласачко право имаат и курва, и алкохоличар, и наркоман, и лопов. А само 100 години порано таквите не смееле да зуцнат, ниту некој ги прашувал за нешто.

Денес од десет Македонци, најмалку петорица се политички аналитичари и тоа не затоа што нешто знаат, туку затоа што имаат право да бидат. А тоа дека правото подразбира и некаква одговорност за лупетање, на никој не му паѓа на памет.

Човечката свест не може никогаш да се разликува од светот кој е пред неговите очи.

Дури и овие подигачи на туѓа свест не приметуваат дека и они самите се во иста матрица, дека и самите имаат свест која е обликувана од епохата, а сепак бараат од другите со подигање на свеста да се прилагодат на демократијата и уште поправилно да ја конзумираат.

Во позадина на ова лежат две кобни претпоставки.

Едната е дека тие имаат повеќе свест (предмалку ова го кажа чичко Мишо) од оние кои сакаат да ги освестат а другата е дека демократијата е вечна и дека само моментално е во проблеми бидејки некои ја немаат разбрано убаво.

Секако, оние со појак дух знаат дека демократијата е зад нас и дека од нејзино поправање нема ништо. Се разбира догматските типови продолжуваат да ја поправаат и покрај тоа што од неа нема ништо и што е одамна потрошена. Зад нејзните свети појмови (подела на власта, право на глас и еднаквост) се пробива само елементарна и брутална воља за моќ.

Ние веќе долго време живееме во пост-демократија само што вкусот за политика на просечниот граѓанин е таков што одбива да го види тоа. И тоа не затоа што е глуп, макар често и е, туку затоа што има убедување да мисли дека неговите убедувања го движат светот.

Ако тој замислил демократија, нема друго освен таа да се оствари.

Ако има нешто што може од просечен, па и од попаметен припадник да направи идиот, тогаш тоа се убедувања и идеологии.

Во политика секогаш се работи за една работа а тоа е кој ја контролира свеста на народот а не кој ја подига.
Ако Груевски не го покажа тоа за 10-те години, тогаш не знам кој.

Сепак, идејата дека свеста претходи на нешто, иако будаласта е многу омилена помеѓу нашите "интелектуалци". Меѓутоа животот е постар од свеста па и од мислењето. Свеста на народот зависи од материјалната состојба а не од читање патриотска литература.

Е во тоа е разликата помеѓу поткревачите и оние над кои се врши поткревањето на свеста. Поткревачите имаат не поголема, туку поинаква свест затоа што јадат редовно, а овие другите кои немаат помалку свест туку само поинаква, немаат сигурен оброк.

Не е фер од некој кој чека извршители, кој чека да му исклучат струја, или нема што да им даде на децата за појадок, да барате да се издигне над своите лични проблеми и да ја види убавината на демократијата и према неа да ја прилагоди својата свест.

Тоа само покажува колку овие поткревачите се далеку од народот и колку го разбираат.

Со одвојување на свеста од материјалната основа, од начинот на живеење, всушност се излегува од политика и се преминува на некаков вид религија, бидејки секоја религија совршено ги игнорира социјалната и економската положба на верниците.

На догмата мора да и служите, со полн или празен стомак, сеедно.

Така и Македонските поткренувачи. Свеста мора да се поткрене макар леб да не се јаде! Се разбира не тие, туку народот. За предавачите и за подигачите на свеста, секогаш има леб.

Најсмешно ми е што сите гении за политика имаат совршени планови за иднината и се полни со решенија како гомното со витамини, само претходно треба да се подигне свеста на народот. Единствено решение кое го немаат е КАКО да ја подигнат свеста. Циркус!

Да не должам више. Вистинскиот познавач на политиката, мисли само за тоа како да ја контролира свеста и ништо друго. Затоа 10 години владееше Груевски а не овие мамини генијалци.


Copyright © ASPNETer 2006 - 2016