Наталитет

by Yugolancer


Posted on Monday, July 3, 2017



Многумина застапуваат ставови дека нискиот наталитет се должи на нискиот животен стандард во Македонија.

Дури баратаат со цифри, па ќе чуете дека за да се има три или четири деца, треба да имате барем 100м2 стан, платата на сопружниците да биде барем 1000 ЕВРА по човек итн. итн.

Со еден збор, наталитетот се врзува за стандардот, што е голема глупост.
Ако беше така Швајцарците и Швеѓаните ќе имаа по десет деца а Етиопљаните по едно дете.

А ние гледаме дека животот функционира обратно. Зошто?

Затоа што ние денес бараме причина за живот. А таму каде што се бара причина за живот, таму веќе нема живот.

Животот е беспричинска работа.

Нашите стари кога правеле по 10 деца не барале причини. Не барале ни соба за секое дете.

Исто така падот се должи и на модернизација на општеството. Што повеќе едно општество се модернизира, се повеќе му опаѓа наталитетот.

По сите логики, модерниот човек е визуелен човек.

На модерниот маж, особено на урбаниот маж му се потребни многу работи за да му се допадне една девојка.

Буквално многу, бидејки очите му се полни од претходно испратени содржини и веќе ништо не му е интересно.

Сега му е потребно "таа" да има брендирана облека, устата да и е полна, косата испеглана, градите поткренати или со други зборови, да изгледа набуџено за да овој ете се заинтересира за неа.

А нашите дедовци не барале ништо. Нив буквално ништо не им пречело.

Бабата не морала да се депилира. Не морала да изгледа средено. Едноставно, ништо не им било важно.

Тоа што била жена, било доволно!

Нам денес ни треба многу, и тоа за еден народ не е добро.

Тоа значи дека сме изгубиле контакт со Биологија. Сега мислиме дека ја имаме измамено Биологијата.

Биологијата не може да се изигра. Тоа е илузија на овој рационалистички дух кај нас Македонците.

Човекот таков каков што е, се нема сменето нималку уште од кога настанал. Се нема сменето во смисол на врстата.

Ниту е попаметен, ниту е поубав. Ништо.

Научниците викаат дека имаме два вида на органи. Макрокосмички и микрокосмички.

Органите за размножување и крвоток се макрокосмички, бидејки се ритмички. Никој не родил бебе за 2 месеца.
Исто така и срцето пулсира, има ритам.

Од друга страна постојат сетилата и нервите кои се моментално подесиви. Тие не се врзани за некои големи интервали или ритмови, туку се подесуваат моментално.

И тоа ќе биде така засекогаш. Константа!

Значи како што кажавме, Биологијата не може да се измами. Тоа е само илузија на модерниот човек кој мисли дека може да се поигрува со неа.

Тој мисли дека со тоа што ја порекнал Биологијата, ја има укинато истата.

Воопшто ја нема укинато. Таа и понатаму владее со него, независно дали тој ќе признае или не.

Така да на ова поле, зелен бостан сме обрале.


Copyright © ASPNETer 2006 - 2016