Македонски клеро-национализам

by Yugolancer


Posted on Wednesday, March 28, 2018



Македонскиот национализам беше пален кон крајот на 90-те, кога Црвенковски можеше да ги наполни улиците со народ, а својот врв го достигна, во годините кога со Македонија гувернираше Груевски.

Во тоа време, тој вазален режим можеше да изведе и до 50.000 луѓе на улица.

Денеска, како што можевме да се увериме вчера, декларативно патриотската опозиција може да се радува ако изведе една илјадарка, а на интернет, што би рекле "од газ", за подршка ако најде пар илјади лумпен-патриоти.

Што сакам да кажам? Патриотизмот, онака како што е поставен во последните триесетина години, се има олупано и паднато на не-повеќе од 5-6 илјади тврдокорни, кои не се способни ниту да го преиспитаат својот патриотизам, односно да увидат дека тоа е пат кон "ништо".

Денес се е претопено во еден клеро-национализам, кој со децении се има научено на порази и има опаднато до ниво на карикатура. Овој клеро-национализам, денес има многу мал број на следбеници и тоа едни по задача, а други поради не-преголема памет.

Бидејки и лично познавам голем број такви патриоти, би изнел еден став кој во потполност е личен и не се базира на некаква анкета, тука на личен впечаток.

Барем половина од последните Македонски патриоти се оние кои имаат нешто на латински во соодветна здравствена установа. Една третина се оние кои се имаат офајдено, или имаат намера да се офајдат од мртвата идеологија, а она малце што ќе остане, а такви секогаш има, се овците кои служат само за потпишување на разни петиции, апели и нови партиски пристапници.

А штом некој е симпатизер на некоја политичка партија, или идеологија, тој е тука да биде трошен, а не да биде прашуван.

Таква е природата на демократијата. Партиските лидери се трошени од странците, а лидерите ги трошат следбениците.

Патриотите, небитно како ќе ги дефинираме, се група која е трошена најмногу во изминатите 3 децении, така да тие се и највеќе истрошени. Потсвесно, они си го знаат тоа, бидејки единствено нешто со кое се служат во политичкиот живот е омраза. Сите се големи христијани и све живо праќаат во пекол.

На никого од нив не му е гајле дали нешто ќе успее. Едниствено што им е на ум, е да се позиционираат како патриоти и да ја одржуваат таа слика за себе.

Тие не капираат дека политиката разбира само успеси и порази, а не патриотизам, кој ги губи сите битки и веднаш потоа се сели во морална сфера, во која за политиката нема место.

Едноставно: ако многуте мирни протести, петиции, шестиции и апели помогнат, Заев да ги прекине преговорите за името, тогаш тоа е успех. Ако не, тогаш тоа е неуспех. Проблематично е што петиционарите ниту тогаш нема да соберат морална и душевна сила и да признаат дека паселе трева и дека не знаат ништо, туку за својот неуспех ќе ги обвинат останатите 2 милиона Македонци кои не излегле или не се потпишале. Ќе ја префрлат вината врз лошото време и ветерот, и на крај, како што налагаат редот и обичајот ќе се сокријат зад Даме Груев, Питу Гули, Ќосето итн. бидејки они се на страната на петиционарите, а само народот не е.

Кога би биле живи споменатите, без двоумење би потпишувале петиции.

Македонија е вечна - е прибежиште за секоја будала. Таа го прекрива секое незнаење, секој неуспех и секој дунстерај.

Еве еден мал совет за жртвите на патриотизмот:
- на сите оние кои ве тераат да излегувате на мирни протести и потпишувате петиции и слични глупости, барајте им меници.

А тие како профи-партиоти, сигурно знаат што ќе успее и нема да им пречи да го заложат имотот за своите проекти.

Ако не успеат, нека платат со својот имот.

Е тогаш ќе видите како бројот на овие неодговорни шампиони на патриотизмот, ќе се намали драстично.

Лесно е без никаква одговорност да се смислуваат задачи за овој мал број на патриотска јавност.


Copyright © ASPNETer 2006 - 2016