Вулгарни прагматичари

by Yugolancer


Posted on Sunday, July 1, 2018



Не можам да се начудам како никој (буквално никој) не ги препознава овие архитекти на македонската пропаст и уништувањето на македонскиот народ, неговата култура, традициите, обичаите па дури и сеќавањето.

Еве гледам како повторно (по стоти пат) ни нудат некаков економскиот просперитет како "аргумент" за правење нов "компромис".

Повеќе од четврт (1/4) век ја трујат нацијата со секакви лаги за приватна иницијатива, слободен пазар и економски просперитет на сметка на националните интереси.

Нормално, тие приказни никогаш немаат поткрепа во стварноста, и што повеќе се одрекувавме од националните интереси поради економијата, се повеќе осиромашувавме.

На нацијата и е убиено дури и сеќавањето дека економијата треба да им служи на луѓето, а не тие на неа.

П.С. најголем парадокс со сите овие што непрекидно ја слават приватната ицицијатива, е што самите никогаш не стиснале јајца и не си ја пробале среќата. Недај боже! Платата е закон, а буџетот господ бог.


Copyright © ASPNETer 2006 - 2016