Македонски патриотизам II

by Yugolancer


Posted on Wednesday, August 1, 2018



Само да додадам уште нешто за патриотите.

Македонскиот патриотизам е никнат од многу интересен човечки материјал.

Ако сте оделе во училиште, а најверојатно сте оделе, сигурно сте приметиле дека секогаш имало одреден број момчиња кои нема со кого да се дружат на голем одмор. Не играат баскет бидејки се трапави или дебели, не свират на гитара, не знаат да се облечат...

Не се тие лоши и често знаат да бидат и добри ученици али некако се смотани. И стално се обидуваат да бидат дел од некоја група која седи навечер и свири гитара, која уфрла топка во обрач итн.

Значи што се обидуваат тие!? Се обидуваат од својата природна неспособност да направат некаква предност.
Си викаат: види, можеби нема да бидам кошаркар, ниту музичар. Можеби нема да имам секс се додека не се оженам, ама можам да бидам патриот!

Значи тој Македонски патриотизам е никнат на една длабока завист кон тогашните комунистички деца, бидејки овие вториве колку и да се одвратни, тие животот го носат многу лесно. Не се напнати како патриотите. Патриотите се многу напнати.

Види, кога сте добри на училиште или кога сте мангуп, вие знаете што сакате.

Имате овие скроз одлични, они се носат сосема океј. Имате оние симпатични мангупи кои кога ќе добијат бандера, не се секирааат воопшто. Патриотите ќе добијат двојка и они се веднаш напнати. Они би сакале да бидат и штребери и мангупи, ама не можат да бидат ниту едното, ниту другото. Затоа низ патриотизмот се обидуваат да си ги релаксираат своите приватни комплекси, ама секогаш би сакале да бидат како овие комуњарски деца и да дојдат до пари, до статус а богами и до жени. Немојте никогаш да го потценувате ова последново.

Да завршам, патриотите се најобични серковци со погрешни избори и погрешни проценки за она што се случува и што ќе се случува во иднина.


Copyright © ASPNETer 2006 - 2016