Blog Posts List

Феминизам

by Yugolancer

Posted on November 16, 2019



Имам преметено дека феминизмот оди од попримитивните кон подобрите примероци.

Во мојата генерација на феминизам најбрзи беа оние што имаа слаби оценки. Тие беа најголеми феминистки.

Лесно “даваа”, и низ тоа лесно давање ја гледаа својата модерност. За разлика од нив оние од подобрите семејства не даваа така лесно и не беа такви феминистки.

Значи феминизмот, женските права и сексуалните слободи одат заедно. Може да зборува кој што сака ама тие работи напросто одат едно со друго.

Сексуалната слобода е всушност и најлесна слобода. Не е тоа затоа што некои жени сакаат повеќе секс од други, туку поради други причини.

Прво така најлесно се воспоставува власт над мажот и второ тоа е евтина слобода. Слобода да читаш, да се образуваш е скапа слобода. Слободата да ги спуштиш гаќичките трае 5 секунди, ако е спретна може и за пократко. И тоа е тоа.

И нормално оние најлошите примероци прибегнуваат кон оваа нова идеологија, бидејки само малку труд, малку знаење и малку морал, им овозможуваат да постигнат најмногу.

Од друга страна, најдобрите примероци никогаш не се залетуваат за сите тие права и слободи.

За почеток најдобрите примероци не се мрзливи.

Значи зад феминизмот и зад сите тие модерни човечко-правни идеологии, секогаш се крие еден рѓав човечки материјал.

Така да, манете се од тие тажни приказни за положбата на жената. Нашите жени никогаш не оделе во шума да сечат дрвја. Да било така, немаше да има толку легенди за мајката. Ама најобична глупост!

Инаку, жените отсекогаш се обидувале да ја капитализираат својата положба. Проблемот на феминизмот се поставува кога нема да успеат во тоа. Се додека таа успева да ја капитализира својата положба, со брзо соблекување на гаќичките, плачење, ласкање или некоја друга манипулација, се дотогаш е добро.

Кога некој ќе ја одбие таа манипулација, тогаш се поставува проблемот за нееднаквост и интересите на жените.

Секој што поминал нешто во животот, ова го разбира стопроцентно.

Паметна жена знае дека е моќна и може да носи од оние долгите бабски гаќи и пак ќе биде надмоќна над мажот. Глупата жена може везден да носи танги и нема да оствари моќ.

Интелигенцијата е тоа што остварува моќ. Средствата се можеби и исти, ама интелигенцијата управува со средствата.

Паметната жена знае да ја оствари својата моќ, а притоа мажот да не се чувствува понижено.

Будалата тоа не го знае. Таа и да оствари моќ, мажот се чувствува лошо поради тоа.

Што вика баба ми, води го за уши ама тој да не примети. Нека верува дека е водач. Значи порано и без феминизам нашите баби биле супериорни.

Напросто, многу е глупо да очекуваш да бидеш награден од животот само затоа што имаш одговарачки полов орган.

Животот треба да награди други човечки особини како што се интелигенција, труд, упорност, работни навики итн.

Нема логика да се родиш со орган и да ги уживаш сите права на светот. Животот е така поставен. Животот не дава рамноправност никому. Рамноправноста не постои како природна категорија, тоа е само еден ментален концепт.

Read More


Иљачи

by

Posted on May 29, 2019



Секоја година добиваме нови податоци од фондот за здравство дека потрошувачката на седативи е зголемена за 30 и повеќе проценти во однос на претходната година. Со други зборови, добиваме соопштенија дека македонците се зависници од дијазепам, хелекс и лексилиум.

Луѓето се едноставно "откачени" и се обидуваат да го намалат стресот и нервозата со овие седативи.

Сето ова е последица на живеење во еден целосно болен свет и воопшто не е чудно што посегнуваат по лекови или алкохол.

Го прават тоа за да можат да "живеат" во оваа несреќна држава. Направен е голем притисок врз поединецот, а уште поголем врз семејството.

Има некои 20 години, може и подолго, како разни невладини организации се борат за положба на жената, на детето и така го уредуваат македонското семејство.

Никој не смее да вика, никој не смее да тепа, никој ова, никој она. Со други зборови ни пропишуваат што смее, а што не. И види чудо, што повеќе тие пропишуваат, се повеќе луѓе се на седативи.

Тоа животот дава отпор. Очигледно е дека не сака вакви човечки права. Животот напросто се опира.

Животот сака едно нормално семејство. Се разбира, не секое семејство е среќно, ама така е од памтивек. Обидот да се пронајде подобар живот за децата мимо родителите е една најобична глупост.

И сега овие “избраните”, те убедуваат дека стандардот расте, БДП-то расте итн. Па од каде сега овие што пијат седативи? Од каде тоа во овој Дизниленд?

Најтажно е што секоја година ќе станува уште полошо. Ова не може да се сопре.На оваа основа, ова нема да се сопре и ќе биде се полудо и се поболно. Држете ме за збор.

Read More


Вакцинациски Погром

by

Posted on May 06, 2019



Не верувам дека постојат родители кои нема да се сложат дека вакцинирањето е дел од здравствената култура и дека е многу важно да си ги вакцинираме децата.
Но сигурно дека никој од нас не се разбудил така еден ден и решил да не си ги вакцинира децата.

За тоа постојат повеќе причини, а најзначани се сведоштвата на родители кои тврдат дека вакцините се тесно поврзани со аутизмот, автоимуни болести, кронова болест итн.
Огромен број родители на сега веќе болни деца, сведочат дека нивните деца биле сосема здрави непосредно пред самата вакцинација.

Па не сме ние некакви лудаци кои тек-така одлучиле да не си ги вакцинираат децата за да потоа секојдневно им се врши понижување и да добиваат зулумќарски закани за драконски казни, за незапишување во градинки и училишта, па дури и за одземање на децата.

Но ајде да ги провериме фактите.

Веќе подолго време, македонската јавност се прашува, дали вакцините се штетни за здравјето и околу ова се водат жестоки расправи. Власта се заканува, а од друга страна имаме се посилен антивакцинален отпор.
Прашање е кој е компетентен да одговори на прашањето дали вакцините се штетни?
Компетентен е само оној кој исполнува два услови а тоа се: да е стручен и да располага со потребните информации во врска со конкретна вакцина.

А колку такви луѓе има во Македонија?

Лесно се наметнува како заклучок дека бројката на такви луѓе кои се навистина компетентни да одговорат на поставено прашање, е нула.

Едно е што вакцините не се произведуваат во Македонија, а друго е што компаниите кои ги увезуваат се обрзани за не-прашување за листата на состојки.

Пристете се на тв дуелот од 2013-та година на Др. Аспазија Софијанова и Сашо Тасевски во кој лекарката јавно признава дека никој не знае што точно има во вакцините.

https://www.youtube.com/watch?v=9fXE60km4vU

Ако е така, зошто тогаш толкав број Македонци се расправаат околу нешто во што не се разбираат?

Ајде за миг да заборавиме на вакцините и да замислиме една друга ситуација.

Да замислиме еден обичен патник кој седи во авион и чека на авионот да полета. Да замислиме што ќе одговори патникот, ако некој го праша дали е безбедно да се лета со таа компанија и со тој авион и посада.

Што мислите, што би одговорил нашиот патник?
Најверојатно ќе каже дека тој мисли дека е безбедно. А како тој го формирал таквото мислење? Дали тој знае било што за авионот во кој се качил, знае ли нешто за посадата, за механичарите кои го прегледале авионот, за безбедноста на аеродромот?

Не! Тој не знае ништо од ова, а сепак мисли дека е безбеден, или подобро кажано, тој верува дека е безбедно бидејки има доверба во таа компанија, бидејки е голема, позната, странска, немале некоја незгода во блиско минато итн.

Значи има доволно причини да не мисли дека сношти капетанот не испил литар виски или дека механичарот го заборавил целиот алат во еден од моторите, на пример.
Всушност, што и да мисли, нема многу да му помогне, бидејки нема да дојде до одговор. Напросто, тој е соочен со еден многу едноставен избор: да има доверба и да лета или да нема доверба и да оди со друго превозно средство.

Но каква врска има ова со вакцините?

Епа принципот е ист.

Обичниот Македонец не знае дали вакцините се штетни и нема начин да дознае, туку има едноставен избор: да се има доверба во оној што ги набавува или да се нема доверба.

Со сличен избор секојдневно се соочуваат милиони луѓе во разни животни ситуации. Без доверба во институциите, фирмите, здруженијата и другите луѓе генерално, општествениот живот не би бил возможен. Ние сме програмирани да имаме доверба и само кога таа доверба ќе се изневери, дури тогаш ние можеме да имаме основано сомнение.

Да сублимираме.

Прашањето за обичниот Македонец, не е, дали вакцините се штетни, бидејки нема одговор на тоа, туку е прашање дали има доверба во оние кои ги набавуваат вакцините и кои го наговараат да си ги вакцинира децата.

А кои се тоа "тие"? Се разбира, тоа е државата.

Ама што просечниот Македонец знае за оние кои во Македонија се нарекуваат држава?

Во 2009-та година, кога 100-на кинези имаа настинка, власта на Груевски потроши милиони евра и увезе вакцини против свински грип, ама не со намера да ги вакцинира свињите, туку Македонците.

Голем број светски стручњаци беше против овие вакцини, тврдејки дека се многукратно поштетни, ама власта си остана глува.

Среќа наша што најголем број Македонци не се одзва на повикот, па немавме масовен погром.
Овој пример ни говори дека тогашната власт била спремна, буквално, на злочин, само за да некои луѓе од власта и околу неа, се вградат во зделката.

Дали некој мисли дека денешната власт е поинаква и дека не е спремна на злочин над сопствениот народ? Па тие веќе покажаа колку се грижат за народот. Овие се дури и "бетер".
Дали постои некој во оваа држава, кој мисли дека е невозможно ризикување на туѓи животи, поради интерес на неколкумина?

Ако постои, тој мора да е многу наивен.

Read More


СДСМ краш сага

by

Posted on March 27, 2019



Утрово читам дека Заев прифаќа предвремени избори, ако Пендаровски изгуби. Демек со тоа ќе биде јасно, дека довербата за нивната политика кај народот е сомнителна.

Сите знаеме дека Заев не е многу бистар, ама можело некој од советниците да му шепне да не тресе вакви глупости, бидејки тие многу, многу одамна немале доверба во народот. Барем не во мнозинството.

Ама друго ми е зборот.

Според мене, после прогласувањето на Гваидо за претседател на Венецуела, дури и вакви симулирани демократски процеси ќе се оголат до ниво на карикатура и најверојатно нема да има потреба од таква манипулација.

Едноставно, некој ќе излезе на улица и ќе викне: “Јас сум претседател”, а Америка со своите сојузници ќе одлучи дали истиот е за претседател, или за душевна болница.

Избори нема веќе да бидат потребни, ниту како представа за народот. Големите сили ќе признаат некого за нешто и тоа е тоа.

Ние и онака веќе подолго време имаме на дело обид со политичка воља, исто како што се играат со малцинските права и геј идеологијата, една група преку ноќ да се наметне на целото општество, без избори и со сила, под изговор дека во таа група има многу угледни граѓани.

Не знам за вас, ама јас немам дилема дека СДСМ никогаш немаше да дојде на власт без подршка од западните амабасади, ама факт е дека ВМРО стана терет дури и за нашите господари, па мораа да најдат замена.

СДСМ-овците, ма што и да зборувале или паметувале, во суштина секогаш имаат еден прикриен но сосема јасен став, дека наспроти принципот "еден човек-еден глас", тие треба да одлучуваат кој и како треба да владее, односно дека нивното мислење е над мислењето на неписмената маса.

Всушност се еднакво неписмени, само што се малце попривилегирани како слој.

За да бидеме на јасно, еве ви еден линк за да видите на кое место во светот се нивните научни работници на кои стално се повикуваат.

Ова е т.н. Хиршов индекс кој покажува број на научни цитати, односно број на светски признати трудови. Така може да се види колку една држава е научно развиена.

За голема жал, котираме многу ниско на оваа листа, а пред нашите се научниците од Конго, Судан па дури и Руанда.

https://ideas.repec.org/top/top.country.hindex.html

Драги СДСМ-овци, бидејки ни самиот не сум голем љубител на демократијата, не би сакал да ве прозивам по таа линија, ама тогаш кажете го тоа, немојте да се криете зад неа.

Проблемот на СДСМ-овците е едноставен: немаат човечка маса, немаат месо да добијат на избори и тешко дека било кога ќе имаат.

Најдалеку што можат да дојдат е 1/3 од бирачите и тоа е непремостив проблем. Значи ниту во најпоштени изборни услови тие немаат шанса, бидејки немаат бирачи за таа приказна.

Затоа стално се обновува потрошената приказна за авангардата, професорите и уметниците воопшто, кои треба да го водат општеството, па ако треба и мимо демократските правила на игра. Наводно тие се елита. Додуше самопрозвана, ама тие и понатаму мислат дека нивниот глас вреди 5-6 гласа од нпр. продавачки на пазар.

И така, заробени помеѓу неможноста да освојат власт на сила, бидејки уметниците не трпат пендрек, и другата неможност, да освојат власт на избори, им останува само да пеглаат приказни дека тие се елита.

И немојте да имате заблуда. Запад ќе го шкартира Заев само во два случаја: доколку не ги исполнува барањата радикално и доколку неговата популарност драстично падне, бидејки тоа ја загрозува стабилократијата.

А во услови на приближна сила на две полтички опции, Запад секогаш ќе даде предност на оној кој макар на кварно ветува нова надеж и нов почеток.

Вистински мотив за промени е само промена на банка т.е. кој ќе ја држи касата и ништо повеќе. Политиката, ионака ќе ни ја водат странци. Нивен интерес е, нивната политика да ја спроведуваат оние со најмал внатрешен отпор и тоа е тоа. Сето останато е декорација.

Read More


Подобар живот

by

Posted on January 20, 2019



Веќе е смешно нашето верување дека со само еден изборен процес, или протест, ќе дојде до сериозни промени.

Ние, инаку живееме на "најубавото парче земја", само ете Заев ни пречи да ги уживаме благодетите. Пред него воопшто немаше исти такви идиоти во државниот апарат!? Немаше предавства и немаше крадења!? Колонијализмот е супер, само да се тргне Заев!?

Значи, ако избереме вистинска власт, поштена и добра, ќе станеме подобри луѓе, подобри родители, подобри роднини. Нема да сме толку алчни, помалце ќе пратиме секаков српски шунд и повеќе ќе слушаме македонска филхармонија. Сите ќе бидеме барем 20% пописмени и поубави. Поретко ќе висиме по молови и нема да се честиме во КФЦ и Кинг Бургер. Помалце ќе се курваме и лажеме, и ќе се посрамиме што играме мајтап со дедовската вера и ја изопачуваме со новоправославието. Скоро ми се јави пријател со извик – Бог се јави, чекајки да му возвратам со – навистина се јави.

Неверојатно е колку ние очекуваме од власта да не направи подобри луѓе. Ние длабоко веруваме дека доброто е надвор и дека не треба да го бараме во самите нас. Ете само нова власт да се избере и ние ќе станеме супермени.

И така повеќе нема да има идиоти на важни позиции, туку ќе има отворени конкурси за сите работни места и ќе можеме да си кажеме: изгубив на конкурс, се вработи подобар од мене и не ми е криво.

Она што ние го сакаме го нема ни во бајки.

Силата на еден народ не е во училиштето, туку во начинот на живот. Оној што е субмисивен и скапува по солитери, нема иднина, небитно што мисли за себеси и небитно што мајка му мисли за него.

Да станете подобар човек, татко, подобар пријател, маж, едноставно променете ја власта. Така?

Ние веруваме во брзи и лесни решенија. Сите наши состојби сме ги натовариле врз други. Тоа што сме грабливи, подмитливи и склони на вовлекување во нечиј газ, за тоа се криви Тито, Бранко, Киро, Никола, Заев, ние не сме. Ние сме наивни како новороденчиња.

Родителите не нѐ учеле да бидеме гомна, да си ја заборавиме верата поради стан и подобра плата; не, комунистите не даваа да се верува. Си отиде Тито, ние станавме подобри. Си отиде и Киро, а ние уште подобри. Си отидоа и Бранко, Љубчо и Никола, а ние процутевме. Сега ако си отиде и Заев, ќе полетаме.

Јас мислам вака: со овој памет, со исчекување на лесни и брзи решенија во кои ние не треба да работиме на себе, туку на промена на власта, многу лошо ќе поминеме. Со таква памет, трпењето само ќе се продолжи.

Впрочем, со што тоа ние сме заслужиле подобар свет и живот?

Read More


Граѓанска храброст

by

Posted on January 16, 2019



Има една работа која ми е многу чудна. Напросто ми е мистерија.

Значи, кога пендрекот навистина работеше, а не само пендрекот, туку и голи оток, сепак имаше луѓе кои се бунеа против Тито.
Со причина, или без причина, воопшто не навлегувам во тоа, имало луѓе со тестиси кои се дигаа против сериозен играч. Со оваков или онаков успех тие луѓе се бореа т.е. трпеа.

Мојот кумашин Бузо одбиваше да земе пензија, после 25 години поминати на голи оток. Не сакаше ништо од тој систем.

Денеска, кога оваа граѓанска храброст не чини ниту еден шамар, нема еден со тестиси како оние луѓе од тоа време.

Запрашајте се колку од овие граѓански протестанти на само еден шамар, би почнале да викаат - секоја му чест на Заев.

Јас мислам дека на еден шамар, барем 50% би се зачлениле во СДСМ. Се гледа каков човечки материјал е тоа.
Каков пендрек!?

Таква е таа граѓанска храброст и едноставно такви сме ние како луѓе. Нема помош тука.

Read More


Remove Server Header Attribute In IIS 10.0

by

Posted on January 16, 2019



There is another way to do the same but if you want the simplest one please add the following to the web.config into the system.webServer section:

system.webServer
    
< rewrite >
    < outboundRules rewriteBeforeCache="true" >
	    < rule name="Remove Server header" >
            < match serverVariable="RESPONSE_Server" pattern=".+" / >
            < action type="Rewrite" value="Your Text Here" / >
        < / rule >
    < / outboundRules > 
< / rewrite >

< customHeaders >		
    < remove name="X-Powered-By" / >
< / customHeaders >
    
  

HTH

Read More


За оние кои се еманципираат против окупација

by

Posted on October 25, 2018



Не знам што се случи со нас, со македонскиот народ, па не гледаме најочигледни работи и имаме оправдување за секоја работа која окупаторот ја има направено во оваа држава.

Се обвинуваме меѓу себе и за се сме криви ние.
Како е можно сеуште да имаме симпатии за окупаторот?
Од каде тоа кај нас?

Зошто го дозволуваме ова што се случува?

Никој ли не гледа дека секогаш играме со црни фигури, и дека секој наш потег е изнуден?

Ајде да ги земеме за пример весниците:
Многумина се фалат (Ајхан дури тврди дека има филтер) дека читаат меѓу редови. Демек имуни се на перење мозок, а не сфаќаат дека сите теми во кои наводно вешто се снаоѓаат, им се ВЕШТО наметнати.

Не гледаат дека немаат никаква иницијатива и дека се издресирани исклучиво за втор чекор, односно за реакција на нешто.

Сите тие се пасивни конзументи на она што редовно им се сервира.

Не ги бираат тие темите со кои ќе се бават, туку се бават со теми кои им се наметнати.

Се чини дека службите одлично ги шарлатанизирале Македонците и од нас направиле Чеси:
Која вера и да е, окупаторот мил ни е!

Се разбира за лесен влез во колонијализмот, беше неопходно да се превземат одредени чекори, односно да се "омекне" нацијата.

На прво место, социјалистичкиот модел на производство беше претставен како неефикасен и застарен, модел кој е екстензивен и во кој продуктивноста е ниска. Се пуштаа приказни за некаков замислен приватник, кој ефикасно го води своето претпријатие, за разлика од директорите на државните фирми.

Западните држави беа претставувани како економски сили, кои до богатството дошле со ефикасна работа, а не со пљачка, која всушност се случила. Општеството на социјален хедонизам почна да се преобразува во потрошувачко, во кое очите растеа побрзо од куповната моќ. Социјализмот, меѓутоа, ниту кај нас, ниту во Русија, на пример, не пропадна во економска свера, туку во политичка, највеќе благодарение на оние кои примаа плати и имаа огромни привилегии за да го сочуваат истиот тој систем.

Доказот е едноставен:
Денес, после повеќе од 2 децении на капиталистички рај, имаме само една дваестина индустриско производство од она кое го имавме во осумдесетите години, а тоа производство кое сега го имаме воглавно не е ни наше, односно профитот го влечат други.

СССР во 1979-та имал два пати помал БДП од БДП-то на Америка. Денеска после сите "победи" на Путин, Русија има шеснаесет пати помал БДП од таа наводно Америка во распад.

Исто така, мораше да се изврши ревизија на историјата и тоа не да се утврди некаква вистина, уште помалку да се дојде до нови факти, туку отпорот кон окупаторот да се претстави како штетна политика, а колаборацијата како корисна и мудра.

Уште првата ревизија беше "збогум на фактите".

Мечта на ревизионистите и на нивните следбеници несметано полета во височини каде ниту еден кретен претходно нема отидено.

Слободата и борбата за слобода станаа безначајни во однос на спасување на животот. Подобро роб, отколку гроб, беше триумф на македонскиот национализам. Против окупаторот треба да се бориме само кога е безопасно.

Односно, никогаш.

Лагите за СФРЈ, за состојбите во општеството, слободите и забраните, завземаат високо место во десничарскиот матрикс.

- Не смееше, беше забрането, се апсеше...

Најверојатно и имало забрани и апсења, ама ниту 10% од она што е измислено.

Оно што e интересно, а за сериозен посматрач и многу поучно, е дека медиумите на широко ги примаа ваквите лупетања како сериозни работи.

На крај, како основна претпоставка за сите овие срања, па и како базична претпоставка да се влета во големата лага, беше огромната дехуманизација и криминализација на комунистите, кои беа представувани како чудовишта, и на кои беше дозволен секаков вид на лов.

Сето ова беше пропратено со редовна опаска на десничарите дека комунистите не се Македонци.

Во секоја војна, специјална или обична, дехуманизацијата и криминализацијата на непријателот е основна претпоставка.

Ова само ја зајакнува мојата основна поставка, а тое е дека, денешницата е последица на проектно планирање.

Нацијата беше ослабена со лаги, уништување на отпорната сила на народот преку величање на колаборационизмот и материјализмот, како и преку приказни за тоа дека Западот едвај чека да не прими во големото семејство на предаторски нации, а наше е само да го отфрлиме социјализмот, својата историја, својата традиција, своите обичаи и да го свртиме газот накај зајдисонце.

Големо прашање е што уште ќе ни донесе ова проектно планирање во областа на забудалување на овој веќе збудален народ.

Останува да видиме...

Read More


Стремеж

by

Posted on October 20, 2018



Ги гледам овие нови викинзи и нема друго освен да им се восхитувам.

Им се восхитувам како се стремат да го освојат светот, космосот... сакаат се, и се стремат кон тоа.

А што е нашето стремење?

Кон што се стремиме ние? Дали некогаш сме развиле било какво стремење?

Јас сум на мислење дека ние сме еден пред-народ кој е настанат како една чудна игра и заебанција на историјата.

Некако сме убуткани во ова што сме денес и поради близината на западот сме добиле некакви политички облици од западот, идеологии и триста други чуда.
Сами немаме развиено ништо и да не е тој запад, уште ќе оравме и ќе копавме.

Еве и денес ништо не се сменило бидејки сме принудени на таа псеудо-морфоза поради плиткиот ум на нашите интелектуалци и политичари.

Натерани сме на една вештачка историја која ја живееме и која ги има истиснато нашите стремежи.
Не буткаат во туѓа историја, европска и натовска! Историја која ние не ја разбираме. Ја живееме, ама не ја чувствуваме.

Сите знаеме дека сево ова е лажно и вештачко. Ние никогаш нема да направиме од нас западњаци, и несреќата не е во тоа што не можеме да направиме западњаци од нас, туку што не можеме и да не направиме.
Ние не можеме ни да го убиеме западњакот во нас.

И тогаш талкаме некаде помеѓу, симулирајки туѓи облици кои не ги разбираме.

Бидејки сега е доцна за враќање пола век наназад, ние треба да изградиме една идеологија која во центар нема да има човечки права и разни глупости.

Идеологија која ќе нема политички облик, туку опстанок на нацијата.

Опстанок како идеологија!

Најверојатно ова е последна шанса за такво нешто.

Дали може да се изведе тоа јас не знам, ама ако не се направи сега, се плашам после ќе биде касно.

Read More


Северно од Грција

by

Posted on September 11, 2018



Без сомнеж, референдумот за името ќе се одржи само за да се створи илузија дека имаме некаков избор.

Во секој случај, загубата е очигледна и тука не треба некој посебен коментар.

Повторувам по 998-ми пат, со самата идеја дека воопшто преговараме и еве сега гласаме за името, ние само потврдуваме дека сме "многу сериозна" држава.

Што е уште полошо, мислам дека промената на името е само фаза, а не конечна цел на нашите пријатели од запад.

Сеедно, време е, ако смееме, да им погледнеме на фактите во очи и да се помириме со тоа дека шансите да го задржиме името, тежнеат кон нула.

Со бојкоти, петиции и повикувања на закони и устав, тоа нема да биде сочувано, а силата со која располагаме и одлучноста да ја употребиме, не ни гарантира ни дека новото име ќе потрае.

Викајте ме предавник, ама јас не гледам ниту еден адут со кој би го сочувале името.

Секако, на "Леле, името" и "Македонија вечна" уште некое време ќе се берат политички поени, каде овие што го бранат името се докажуваат дека се поголеми патриоти од овие што го менуваат. Тука е во прашање само патриотско позиционирање и ништо друго. За пушка никој нема да се фати, дури и ако поединци ви личат дека ноќеска ќе тргнат да го бранат светото име.

Мислам дека е крајно време овие замајувачи на народот да замолчат веќе еднаш, за да разбере овој намачен народ дека ни сам на себе не може да смета.

Името го изгубивме, пред се, затоа што и ние самите сме изгубени, а политика не учат дилетанти.

Кој ги погледне патриотските портали и групи на социјалните мрежи, лесно ќе види неопеани будали. Кој ќе ја погледне екипата околу власта, несомнено ќе види многу рационално ориентирани типови. Помеѓу овие две групи нема скоро па ништо, освен неколку илјади сеуште неоштетени Македонци, без никакво влијание.

Неможноста да се мисли рационално, да се поставуваат прашања, камоли да се даваат одговори, како и страв од вистината, буквално ги убиваат во појам македонците.

Индустријата на збунување и шарлатанизација е во зенит, а во тоа учествуваат и нашите срамни интелектуалци кои, додека се менува името на државата, го бркаат Тито и ја спасуваат демократијата.

Ние, несреќни, со нашите уште понесреќни лидери и поправачи на светот, не знаеме ни против што треба да се бориме.
Името на нашата болест е: граѓанштина. Граѓански дух.
И сега ние сакаме да ја спасиме демократијата која е мајка на истиот тој граѓански дух!?

Да го убиеме Тито уште неколку пати, па да ни тргне!?

Како не разбирате дека ние пиеме отров, наместо лек?

Овде не зборувам за маса, за медиокритетите, кои не можат и не сакаат, и во крајна линија, не разбираат ништо.
Тоа се оние говеда кои кога ќе ги прашаш, зошто гледаат телевизија, одговараат дека немаат што друго да прават.
На таквите им треба телевизија да ги разоноди и од нив нема ништо, а од нивното потомство уште помалце.
Тие се вонполитички фактор и се родени да бидат објект за субјектот.

Значи не се работи за оние распаднати патриоти кои се дерат, Македонија вечна.
Тоа се луѓе кои немаат ни трунка смисол за факти и кои, покрај сите патриотски изливи на пароли, како и секогаш пак ќе изгинат.
Мене ми е многу смешно што ако секое извикување на вакви пароли се наплаќаше по 1 евро, сите ќе ќутеа. Такви Македонци се тоа.

Просто: маса која нема појма каде е водена, она само има расположение према тоа, а и тоа може да се штелува без никаков проблем.
Во традиционално друштво, бета и гама примероците биле водени од алфа примероци и тоа внатре самото семејство или задруга.
Денска бета и гама примероците се темел на секоја демократија и без нив изборниот процес не може ни да се замисли.

Да се одлучува без знаење и разбирање е сон на секој бирач и голема радост за секој властодржец.
Овде дури и не мислам на самото образование, туку на способноста за расудување, која не е достапна за поголемиот дел од популацијата, која прва се фаќа за пенкалце на бирачкото место.
Е ова крдо е совршено послушно и мирно, и покрај тоа што на зборови е многу радикално. Бидете сигурни дека од ова крдо, чопор никогаш нема да се направи, ако ме разбирате што сакам да кажам.

Еве сега, кога ќе отиде името, ќе се оголи целиот лажен патриотизам на нашите големо-македонци, кои ќе се дерат како улави, а ни од соба нема да излезат.
Тие се најголема пречка са секое рационално размислување во јавен простор, бидејки нив не ги води желба да се дознае, да се свати, да се превземе акција која е примерена на ситуацијата, туку само бараат умирување за своите психички тегоби, и уште тоа го нарекуваат патриотизам.

Благодарение на оваа маса, Заев може мирно да финишира со менување на името.

Према тоа, да не се лажеме повеќе. Името полека се менува и поради тоа никој нема да исече вени.
Сите ќе се правиме дека ни е многу тешко, како и кога се потпиша Охридскиот договор, ама подалеку од мрмљање и гунѓање, нема да одиме.

Сеуште се правиме дека можеби, Господ бог, судбината или Путин, ќе ни го сочуваат името, ама јас, ете, безбожник и циник, се некако мислам дека никој нема да го сочува.
Заев ќе биде официјален предавник, а ние, кои сме се потпишале на сите петиции и од газ (седејки) сме го бранеле името, нема да бидеме. Тој издаде, ние браневме.
Срам да му е! Како може да го смени името после толку петиции, бојкоти, апели, резолуции...?

На крајот, кога ќе се слегне целата работа, ќе остане едноставна вистина:

Како го браневме името, добро што не го сменија и порано.

Read More


Page 1 of 6

Copyright © ASPNETer 2006 - 2016