Blog Posts List

Социјални мрежи

by

Posted on July 28, 2017



Сите глупости и политички шарлатанизации кај нас имаат една позадинска приказна а тоа се социјалните мрежи, затоа што ти дури на друштвените мрежи можеш да бидеш еднаков со нееднаквите.

Тоа во кафана не можеш.
Едноставно не сакаш да седиш со некоја будала. Не сакаш будала физички да ти биде присатен на масата. Ама на мрежите, будалиот и паметниот дебатираат и тоа е злото уствари, бидејки стално се губи фокус.

Ти целата енергија ја трошиш да му објасниш на будалиот нешто што тој едноставно не може да разбере. Па будала ниту сака, ниту може да прими нешто, а убеден е дека знае се.

Секој незнајкото е убеден дека може рамноправно да разговара со познавачот на нештата.

Значи тој егалитаризам на мрежите е нешто што еден народ го разјадува бидејки на секоја будала и дава илузија дека може да влезе во јавнен простор и да попува.

И на сето тоа кога ќе додадеш анти-идеологија, разположение према ова или она, иди па разбери се.

Read More


Демократија

by

Posted on August 27, 2017



Како да почнам а да не се повикам на мојот пријател Аце?

Тој е еден од најголемите обожаватели на Демократијата што јас ги познавам.

Како вчера да беше кога ми објаснуваше како овој систем е најдобар. Нормално без никакви аргументи. Онака како приказна за мал одмор.

За да реплицирам ќе морам да поставам едно хипотетичко прашање:
- дали државите кои немаат демократија можат да бидат ефикасни, па дури и поефикасни?

Вака. Не мора да значи ама воглавно можат. Па диктатурите се редовно просперитетни во економска смисла.

Тие скоро па секогаш бележат поголем економски раст од демократиите.

Ние кога го гледаме запад велиме, види како таму демократијата им донела богатство.

Па не донела таа богатство затоа што се вика демократија. Каква врска има тоа?

Таа им има донесено богатство на западните народи затоа што го имаат испокрадено целиот свет.

Од почеток демократијата како своја прва тековина го имала народот како своја политичка количина.

Тоа водело кон војна обврска. Сега се сите политичка количина. Порано витезите кои одлучувале во политиката иделе во војна.

Сега е исто така, оној што нешто се прашува во политика, оди во војна само што сега во прашање се маси, милиони.

И ете така се тргнало во ограбување на светот.

Значи, потполно е небитно кој систем ќе биде ако ти крадеш барем 2-3 држави. Ти ќе живееш добро.

Англија е една карпа во море која не раѓа ништо. Би сакал некој да ми ја открие мистеријата како они станале богати со помош на демократија.

А да не имале случајно флота?

Ма пуштете ги тие приказни за демократија. Политиката е секогаше едно те исто. Моќ!

Чија е силата, негово е и правото.

Замислете, да имаме сега војска и да идеме да испокрадеме некого, ќе видиш како државата наеднаш ќе се развие. И тоа е тоа.

Кога ќе го испокрадеме, ќе кажеме дека тоа сме го правеле затоа што тој е бараба. Не е добар.

Ќе бидеме морални империјалисти. Ќе шириме високи вредности, идеи итн. А зошто да не?

Ова особено треба да го разбере другар ми Арменд кој се декларира за голем пацифист.

И еве ветувам јавно дека ќе му се придружам веднаш штом ќе слушнам дека Американците почнале да ги топат своите носачи на авиони како старо железо. Само што тоа никогаш нема да се случи.

Туку, да се вратам на темата.

Најинтересно кај демократијата е начинот на кој таа се имплементира.

Добрите работи кои доаѓаат, сам си ги прифаќаш. Никој не мора да те убедува во нивната вредност.

Јас како вчера се сеќавам кога уведовме обичен телефон. Па тоа беше радост до небо.

Се што ќе излезеше ново а нам ни се допаѓаше, тоа се купуваше со огромна радост.

Во село на пример ако видиш дека комшијата купил трактор а ти уште со дрвено рало ораш, сигурно ќе си купиш еден и ти. итн. итн.

Е сега јас се чудам како само за демократијата не сме приметиле дека е добра сама по себе, туку требаше да се уведува со помош на носачи на авиони?

Сето тоа е некако една мистерија. Мистерија на космосот.
Сеедно за нашите празноглави гласачи, тоа е отприлика слика на работите, дека демократијата сама по себе носи некакви бенефиции.
Епа, не носи! Нема таков систем кој сам по себе носи некакви бенефиции.

Феудализмот во одредено време имал богатство, имал и сиромаштво. Робовладетелството умеело да биде и вака и онака. Диктатурите исто така..

Значи политичкиот систем е само една организација на општеството и ништо повеќе од тоа.

Кој разбрал, сигурно и сватил.

Read More


Page 1 of 1

Copyright © ASPNETer 2006 - 2016