Кај нас (Трет Дел)

by Yugolancer


Posted on Tuesday, January 10, 2017



Во претходниот пост го спомнав Тито и тоа само еднаш, ама тоа да ти било побитно од се.

Затоа еве јас како извикан Титоист да кажам нешто и на таа тема.

Тито веќе 36 години го нема, а барем 25 години откако социјализмот (уште помалку комунизмот) не постои во Македонија. Веќе нема ниту значителни левичарски партии. Сите станаа десничари, сите ја прочитаа “Владетелот“ и уште по некој памфлет и се навлекоа на приказна за комунизмот како најголемо зло кое го снајде и го сотре Македонскиот народ. Колку плитка мисла.

Да повториме, Тито и социјализмот ги нема, меѓутоа борбата против комунизмот сеуште трае.

Тоа не е затоа што има што да се победува, туку затоа што може да се победува без вистинска борба преку разни лустрации и останати антикомунистички безвезарии!

Така е тоа, чесните се борат со непријател, а буљашите со мртов непријател. Со леш.

Уствари, денешните АНТИКОМУНИСТИ можеби и секогаш биле “против“, ама не сакале да признаат зашто тогаш евентуално немало шанса да успее борбата. Епа ако тогаш борбата против комунизмот немала шанса да успее, каква шанса има денес, кога се борат против магла?

Одлична, денес им успева!

Исто како во карате, најдобро успеваат кати бидејки се бориш со замислен противник.

Е тоа е приказната за Македонските Антикомунисти. Кога имаа со кого да се борат, немаа храброст, сега имаат, ама немаат противник. Каков жалосен човечки материјал.

Сосема имаат превидено дека комунизмот има причина, дека не пораснал на ливада, дека некое претходно зло го родило пред тој да го роди своето зло.

Ова мисла им има поминато низ глава на многу мал, готово безначаен број антикомунисти. Скоро па никој не се обидел да допре до коренот на појавата туку како и обично овде во корен се заменети причината и последицата. Нормално кога дијагнозата не е правилно поставена, секој лек подоцна е само симптоматски.

Овде нема ништо чудно ако знаеме дека кај нас со друштвените прашања од повисок ранг се бават будали кои повторуваат фрази од весници и уште на сето тоа веруваат дека они ги смислиле.

Алооо будали едни затруени од секакви идеологии, не може да има комунизам пред граѓанско друштво.

Уствари денешните антикомунисти се најголеми промотери на комунистичките вредности, па така имате плитко и идеолошко мислење за се, посебност, понатамошна граѓанизација итн. Прават огромна штета и уште мислат дека така не спасуваат.

На сето тоа не прифаќаат ни одговорност за неолиберализмот, кој тивко, позади грб ни се вовлече додека они бегаа од комунизмот. Нé, не сакале они ваков капитализам, туку друг, подобар. Епа коњи едни, нема друг капитализам. Тој другиот постои само во вашите глави, а овој е единствениот кој беше на понуда. Ни тоа не го видовте. И пак сте најпаметни. Пак сé знаете.

И сега кога “апла“ увидоа дека комунистите се мали деца за ЕУ и НАТО, сега би сакале некој НАШ капитализам, Македонски и со народот во средина. Нема такво нешто будали будаласти. Не постои капитализам со нација во средина, туку со капитал. Книга во раце и научете барем нешто, па тогаш зборувајте.

Сега ви е тешко да признаете дека Тито изгледа како суштински хуманист во споредба со Клинтон, Солана и да не набројувам. Се што Тито потепал за 35 години нема ни петина од жртвите на осиромашениот ураниум на овие простори.

Знаете, најопасна појава во Космосот е кога глупиот ќе почне да мисли. Тогаш сите заклучоци се брзи, еднострани и поткрепени со неописива галама, затоа што глупакот мисли дека галама е аргумент. Она што го смислил од сабајле, веднаш на звучник од 1000 вати го пушта. Како лечени алкохоличари, никој ништо не ги прашува а они стално за нивниот проблем. И не, никогаш не се сомневаат во своите вистини кои нормално не се плод на размислување туку на кретенско откровение. Е затоа во сите идеолози, будали и душевни болесници има по нешто месијско, а никогаш нешто длабоко, разумно и фактичко.

Ете тоа е. И така ќе биде се додека во политиката има место за идиоти.


Copyright © ASPNETer 2006 - 2016