Образование

by Yugolancer


Posted on Tuesday, March 14, 2017



И покрај тоа што генерално спаѓаме во бистри и проникливи луѓе, за жал мнозинството луѓе во оваа држава се слабо образовани. Тоа е една од главните причини зошто така лесно ја голтаме пропагандата ама со тие теми расчистивме веќе.

Сега да се сконцентрираме на полемиката која е постојана, а тоа е, дали писменоста е битна?

Вообичаено оние што се послабо образовани редовно паѓаат во замка рационализирајки ја својата положба, дека писменоста и не е особено важна. Демек најбитно е да се разбираме.

Јас се согласувам до некаде, ама да бидеме на чисто:
- Писменоста, односно образованието му користат само на паметниот, додека на будалата му прават голема штета.

Знаењето не е за секого. За повеќето политички коментатори од фејсбук е голема среќа што се необразовани бидејки тоа може да им внесе голема забуна во ионака слабиот нервен систем.

Од друга страна, на паметен човек знаењето и писменоста му се важен алат.

Сепак ние не придаваме многу значење на школото и се потпираме на здрава памет и вроден сиров талент ама во едно се лажеме, а тоа е дека дури и сировиот талент е привилегија на малцинство и го немаат сите. Не сме сите за менса.

Признавам дека многу луѓе кои го бранат овој став, со малку образование за кратко време и со малку труд би имале голем напредок, ама нивниот проблем е што наместо да се фатат за некоја книга, они го рацонализирааат својот статус. Онака лесно и онака Македонски.

Да беа сите дунстери и будали, немаше да напишам ни збор на оваа тема, зошто на паметниот не му треба совет, а на будала не му користи.

Додатно, односот према писменоста го покажува нашиот однос према културата и уште поважно према јазикот како можеби и најбитниот културен тек на еден народ.

Затоа, начинот на кој пишуваме, прецизноста на изразување, интерпункцските знаци итн. не се тука само за да добиеме петка на писмена, туку да бидеме сугестивни и да му го наметнете својот став на читателот.

Денес кога писменоста е достапна за сите, е срамота да се биде неписмен. Тоа ја покажува нашата мрзеливост и немарност. Ако некого го мрзело да учи Македонски, што нема да го мрзи да учи? Квантна физика?

Порано било многу потешко да се дојде до писменост. Баба ми останала неписмена бидејки пред војната, женските деца не оделе во училиште. Инаку баба ми е 31-во годиште. Ден денеска ми раскажува за нејзината глад за писменост. Не само што и верувам, туку сум убеден дека ако имала шанса, ќе добуткала далеку...

Денешните деца кои ги имаат сите услови, треба сериозно да се замислат за ова.

И покрај тоа што не е демократски, мислам дека децата треба да се селектираат уште од најрани години и да им се одреди висината на образованието и амбицијата. Едно што не треба да се трошат ресурси на мрзливци и второ а најважно, на будалите да им се ускрати правото на школување кое им ствара привид дека не се будали здобивајки се со некаква дипломичка, цертификатче итн. со кои мафтаат пред сите покажувајки дека само делумно се кретени.

Најголема штета е кога паметен човек ќе го запостави образованието бидејки штетата не е само негова, туку на целото друштво. Секое место кое некој паметен и способен го испуштил поради мрзливост, го има пополенто некој коњ кој учел уште помалку ама амбициите му биле поголеми.

Затоа се обраќам на сите кои го читаат ова, дека прават голема грешка што ја потценуваат писменоста и формалното знаење и школување.

Како што стално викам, не е се во вицот. Има нешто и во тоа како ќе го кажете вицот.


Copyright © ASPNETer 2006 - 2016