Татковство

by Yugolancer


Posted on Wednesday, March 15, 2017



Многу деца растат покрај татко кој само физички е присатен во домот, односно таму преспива. Во останатото време е повлечен, рамнодушен, безчуствителен, одбивен, поминува многу малку време со своите деца.

Тоа е како да однесете деца во слаткарница а да не им дадете можност да се засладат со слатките кои ги гледаат пред себе.

 

Важноста на Таткото

Во скоро сите истражувања имаме потврда за важноста на таткото и неговата улога во развојот на децата.

Докажано е дека татковците имаат поголема улога во интелектуалниот и социјалниот развој на детето во однос на мајките.

Дури и кога само се игра со детето, таткото го потикнува неговиот интелектуален и социјален развој.

Особено кај машките деца, каде улогата на таткото во развојот на полниот идентитет е пресудна.

Без оглед колку мајката е подржувачки настроена, во некои области како што се емоционална интелигенција, самопочитување, самодоверба, таткото има незаменлива улога.

Дури и денес, независно од теориската ориентација е тешко па дури и неможно да се оспори тврдењето на Фројд изнесено во делото "Цивилизацијата и нејзиното незадоволство" кое гласи:
- не постои ниту една потреба во раното детство, која е толку силна како што е потребата за татковска заштита.

Исто така "Теоријата на афективно врзување" ни укажува дека поврзаноста со таткото, го збогатува и квалитетот на интеракцијата помеѓу мајката и детето.

 

Сепарација и Развод

Во последните декади се повеќе се поставува прашањето, дали семејствата без еден родител се малку поинакви? Дали развојот на децата во такви семејства е поинаков и специфичен?

Несомнено дека за многу мајки, татковци и деца ваквите семејства носат со себе недостаток на сигурност, емоционални повреди и смалување на можностите.

Најголем број деца ја доживуваат разделбата со едниот родител со особени тешкотии. За нив тоа е многу стресно и најчесто манифестираат пореметувања во емоционална, когнитивна и социјална сфера.

Особено кај помалите деца може да се појави силно чувство на несаканост, отфрленост и напуштеност.

Дури и самото родителство непосредно после разделбата е сменето.

Едниот родител кој не живее со детето иако има потреба да биде вклучен со истиот интензитет во развојот на детето, тој едноставно не е достапен временски како порано.

Другиот родител, најчесто мајката, поради зголемен стрес и зголемена одговорност може исто така да биде помалку присутна, како емоционално, така и физички.

 

Лузните од овие недостатоци ќе бидат длабоко засечени во сликата за себе, која ќе ја формираат идните генерации.


Copyright © ASPNETer 2006 - 2016